Тенисерките доминираат меѓу најплатените спортистки
- На врвот на листата е американската тенисерка Коко Гоф, која во 2023 година заработи 21.1 милиони евра.

Њујорк, 7 февруари 2024 (МИА) – Меѓу десетте најдобро платени спортистки во изминатата години дури седум се тенисерки.
На врвот на листата е американската тенисерка Коко Гоф, која во 2023 година заработи 21.1 милиони евра.
Зад неа е полската тенисерка Ига Швјонтек со вкупно инкасирани 20.2 милиони евра.
На третото место според заработувачката лани е кинеската скијачка во слободен стил Ејлин Гу, а од тенисерките во Топ 10 се најдоа и Британката Ема Радукану (четврто место), Јапонката Наоми Осака (5), Белорусинката Арина Сабаленка (6), Елена Рибакина од Казахстан (7) и Американката Џесика Пегула, на осмото место. ег ФОТО: Фејсбук