• вторник, 24 декември 2024

Тензично вечерва пред Народното собрание во Софија, жандармеријата ги крена штитовите

Тензично вечерва пред Народното собрание во Софија, жандармеријата ги крена штитовите

Софија, 2 септември 2020 (МИА) - Вечерва, на 56-от ден од протестите во Софија против владата на Бојко Борисов, дојде до ескалација на незадоволството на многубројниот народ, кога прво околу 20 часот демонстрантите  почнаа да фрлат петарди врз зградата на поранешниот Партиски дом, а час подоцна, почнаа да се слчушаат и посилни детонации. Построените жандарми пред толпата ги кренаа штитовите и ги засилија одбранбените позиции, пренесе БГНЕС.

Демонстрантите уште од претпладневните часови беа собрани пред зградата на Народното собрание,а во попладневните часови нивниот број нагло се зголеми. Во текот на денот, додека траеше седницата на Народното собрание, немаше некои поголеми ексцеси.

Врз полицајците, кои ја чуваат зградата на поранешниот Партиски дом вечерва беа фрлени мноштво петарди, а десетина пукнаа меѓу нозете на полицајците.

Полицајците побара засилување и кордонот под итно беше засилен со нови сили, кои застана во нов, втор ред заштита, зад припадниците на единицата за справување со прекршувања на јавниот ред.

Повеќе улици во центарот на Софија се блокирана, а во овој дел од градот за првпат од почетокот на протестите се проверуваат чантите и багажот на сите кои пристигнуваат на протестот. Луѓето кои сакаат да протестират се пропуштаат преку специјален пункт.

Арман Бабикјан од „Отровното трио"  и даде рок на владата до утре изутрина да си поднесе оставка.

Се скандираат непристојни пароли против премиерот Борисов, а се бара и негова оставка, оставка на владата и на државниот обвинител Иван Гешев, трите главни барања на демонстрантите во овие 56 дена протести во главниот град на Бугарија. сд/

Остани поврзан