• понеделник, 23 декември 2024

Температурата на морето во Будва е 28,1 степен, највисока во последните 10 години

Температурата на морето во Будва е 28,1 степен, највисока во последните 10 години

Будва, 15 јули 2024 (МИА) - Температурата на морето во Будва денеска изнесуваше 28,1 Целзиусов степен и е највисока во изминатите 10 години.

Најтопло морето во Будва на денешен ден било во 2012 година и неговата температура изнесувала 27,7 степени, а најстудено било во 2022 година, кога температурата била 23,3 степени Целзиусови, јавија локалните медиуми.

Просечната температура на морето во јули во Будва е 25,6 степени, а најниската температура е 22,6 степени. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан