• вторник, 26 ноември 2024

Нови „бизнис“ можности, испорака на нови услуги преку ИТК за трговија со луѓе, предаторите со високи профити и мали ризици

Нови „бизнис“ можности, испорака на нови услуги преку ИТК за трговија со луѓе, предаторите со високи профити и мали ризици

Скопје, 18 ноември 2023 (МИА) – Новите информативни и комуникациски технологии (ИКТ) забрзано создаваат глобален пазар за трговија со луѓе (ТЛ), привлечен како за криминалните актери поради високиот степен на профит и намалените трошоци, така и за побарувачите чиј ризик, преку ИТК и ТЛ главно „сајбер сексот“, е многу мал. 

За сериозноста на овој сè поразвиен облик на трговија со луѓе говори и Извештајот на Фондот за заштита на децата при УНИЦЕФ, според кој во моментот постојат 750.000 предатори /педофили кои вршат „груминг“ (grooming) на интернет.

Постојат 4.000.000 веб страници на кои се објавуваат фотографии од сексуално злоупотребувани деца (дури и бебиња), а секојдневно се објавуваат по 200 нови фотографии од сексуално злоупотребувани деца.

- Се проценува дека 100.000 деца се жртви на онлајн предаторите, стои во извештајот на Фондот за заштита на децата при УНИЦЕФ.

Нелегалниот профит пак, кои за себе го обезбедуваат онлајн предаторите преку сексуалната злоупотреба на децата изнесува 20 милијарди долари годишно.

Се подготвува Водич за ИКТ и трговија со луѓе во Северна Македонија

Новите технологии и нивното влијание врз трговијата со луѓе, беше тема за дискусија на клучните чинители во Северна Македонија на неодамна одржаната тркалезна маса во Скопје во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. 

Во април 2022, група на експерти за акција против трговијата со луѓе (ГРЕТА) на Советот на Европа објави извештај за онлајн трговија со луѓе потпомогната од технологијата (https://rm.coe.int/online-and-technology-facilitated-thb-mkd/1680ac0369). Со неа е направена длабинска анализа за тоа како информативните и комуникациските технологии (ИКТ) влијаат врз борбата против трговијата со луѓе, заснована врз докази кои се ситематски собрани од државите кои ја ратификувале Конвенцијата за акција против трговија со луѓе, од невладиниот сектор и компаниите за технологија.

Земајќи ги предвид неодамнешните случаи на трговија со деца потпомогната од ИКТ, кои беа откриени и за кои се водеше истрага во Северна Македонија, проектот „Јакнење на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“ на ЕУ и Советот на Европа  ја препозна потребата за подлабоко согледување на злоупотребата на ИКТ од страна на трговците со луѓе за врбување на жртви, вклучително и деца, како и за проактивна употреба на новите технологии за превенција и борба против трговијата со луѓе. Во оваа рамка, проектот го поддржа изготвувањето на „Водич за ИКТ и трговија со луѓе во Северна Македонија” од страна на невладината организација „Импетус”, соопштија од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. 

Со цел да ги дискутираат наодите од овој извештај, 23 претставници од институциите во Северна Македонија задолжени за истрага, кривичен прогон и пресудување на кривичните дела на трговија со луѓе, од невладиниот сектор и меѓународни организации се сретнаа во Скопје.

- Постои голема потреба од дигитална писменост за употреба на социјалните медиуми за децата и нивните родители. Децата мора да знаат како да се заштитат за да се спречат онлајн случаи на трговија со деца, смета Светлана Цветковска, координаторка на Националниот механизам за упатување при Министерството за труд и социјална политика.

Учесниците на тркалезната маса ја потенцираа потребата за едукативни и информативни активности за ИКТ и трговијата со луѓе, не само за стручните лица од таа област, туку и за општата јавност, медиумите и посебно децата. Тие сметаат дека е потребна поголема специјализација и технички капацитет за да се следи развојот на технологијата и ефективно да се сузбие ова кривично дело. 

Меѓународната соработка е фундаментална за ефективно сузбивање на трговијата со луѓе фасилитирана од страна на ИКТ, бидејќи новите технологии им овозможуваат на трговците со луѓе, кои се мотивирани од профит, да допрат до глобалните пазари и успешно да ги сокријат трагите од овој ужасен злочин, се вели во соопштението од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје. 

Финалната верзија на Водичот за ИКТ и трговија со луѓе во Северна Македонија ќе им помогне на локалните чинители во процесот на откривање и идентификација на жртвите, врбувани и експлоатирани онлајн и ќе придонесе кон подобрена превенција на трговијата со луѓе.

Тркалезната маса беше организирана како дел на заедничката програма на ЕУ и Совет на Европа „Хоризонтална програма за Западен Балкан и Турција”, фаза III.

Се создава посебен вид клиентела која може да ужива во недозволените услуги од жртвите без никакви последици 

Љупчо Маркудов, експерт во борбата против трговијата со луѓе во изјава за МИА вели дека ИКТ им дава можност на онлајн предаторите да го зголемат пазарот на трговија со луѓе, а притоа да ги намалат ризиците да бидат фатени од страна на органите за кривичен прогон. Намалувањето на ризикот, со тоа и одговорноста привлекува сè повеќе лица  да ги насочат своите криминални активности кон онлајн трговијата со луѓе, создавајќи еден посебен вид на клиентела која може да ужива во недозволените услуги од жртвите без никакви последици.

Нови производи и технологии базирани на вештачка интелигенција постојано се појавуваат, а нивното влијание само ќе расте насекаде, вклучително и во банкарството.

- Трговците со луѓе научија да ја злоупотребуваат технологијата за развој и испорака на нови бесконтактни услуги, како што е трговијата со сајбер секс. Во оваа насока, технологијата се користи за да се создаде глобален пазар каде што клиентите во еден дел од светот можат да платат за услуги што ги даваат жртвите експлоатирани во друг дел од светот. Исто така, технологијата им овозможува на трговците со луѓе да го зголемат количеството информации на пазарот што доведува до поголема конкуренција, поголем пристап и ефикасност за купувачите и севкупно зголемување на трансакциите, нагласува тој.

На оваа сè поразвиена форма на експлоатација на жртви на трговија со луѓе не е имуна ниту нашата земја, факт што го потврдуваат и последните случаи за кои информираа медиумите. 

Во однос на справувањето или борбата со овој, како што се вели, изменет „модус операнди“ на сторителите на кривични дела на трговијата со луѓе со злоупотреба на ИКТ, се прават сериозни напори од страна на МВР да се биде во чекор со промените и во оваа насока веќе се формирани и функционираат посебни и специјализирани единици. 

Децата со попреченост се особено ранливи на злоупотреба и трговија со луѓе поради возраста и попреченоста и во голема мера зависат од поддршката на возрасните во спроведувањето на механизмите

-  За жал, досега, полициските службеници имале само основни обуки за онлајн алатки, но не и специфични, кои би им овозможиле собирање информации преку отворени извори, мониторирање одредени интернет страници (како на пример страници за вработување), но исто така, и иницирање почетни проактивни истраги. Згора на ова треба да се истакне и фактот дека многу е мал бројот на извршители кои се обучени и кои имаат и соодветна информатичка технологија на располагање во борбата со овој вид на криминал, во однос на потребите на национално ниво. Овој недостаток, до некаде се коригира преку соработката на истражните органи со одредени интернет провајдери и преку доставување на образложени барања до администраторите на одредени платформи или портали, појаснува Маркудов.

Тој е дециден дека и натаму останува фактот дека треба да се организираат специфични обуки за поголем број на полициски службеници и тие  да се опремат со соодветна модерна информатичка технологија како и софтвери со што би се зголемила ефикасноста на истите. Во оваа насока, порачува Маркудов, потребно е зајакнување како на меѓународната соработка преку навремена размена на информации и искуства, обезбедување и размена на докази, така и на соработката на национално ниво помеѓу сите субјекти вклучени во борбата против трговијата со луѓе (државни институции, граѓански здруженија, меѓународни организации, приватен сектор, итн.), како и подигање на јавната свест за опасностите и последиците од овој вид на криминал.

За поттикнување на оваа соработка, особено со граѓаните, МВР на својата интернет страница има поставено интернет алатка „Red Button“ (Црвено Копче) за пријавување различни дела, вклучително и трговија со луѓе. Дополнително на ова, МВР има отворено и е-маил адреса cybercrime@moi.gov.mk за пријавување секаков облик на криминал извршен во сајбер/онлајн просторот.

Покрај МВР, следните граѓански организации нудат можности за пријавување, информации, но и поддршка на жртви од трговија со луѓе:

- Отворена порта – Ла Страда има СОС линија за информација, поддршка и заштита од трговија со луѓе – 0800 11111,

- Првата детска амбасада во светот – Меѓаши има СОС телефон за деца и млади: 0800 1 2222 (бесплатна линија),

- Македонското здружение на млади правници и СОС Детско село нудат правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела – правна поддршка: 075238837 и психолошка поддршка: 071277180,

- Организацијата на жените на општина Свети Николе има канцеларија за бесплатна правна помош и психо-социјална поддршка: нуди средба со психолог телефонски, на 032444620 или преку електронска порака на womsvetinikole@yahoo.com

Потребна е дигитална писменост и дигитална самоодбрана на родителите, особено на децата

Во насока на борба против овој вид на криминал, и во дискусиите за време на тркалезната маса, беше посочена големата потреба од јакнење на свеста и знаењето од областа на дигиталната писменост во однос на употребата на социјалните медиуми, како за децата, така и за нивните родители. Паралелно со дигиталната писменост, потребно е и нивно запознавање со дигиталната самоодбрана, односно да научат како да се заштитат и како да спречат самите да станат жртви на онлајн предатори и да бидат вовлечени во ланецот на трговија со деца.

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал вчера поднесе кривична пријава против Ф.М. од Скопје, за постоење основано сомнение дека пријавениот во повеќе наврати врз повеќе лиц

Прашањето е кое е „бајпас решение“ додека ние се подготвуваме да одговориме -дали е тоа комплетно унапредување на целиот систем, целисходен приод од образовниот процес за тоа како да се заштитат децата. 

Како што посочуваат експерти од оваа област, треба да се посвети многу повеќе внимание на „ХАВАЛА“ системот за финансиски истраги и биткоинти како предизвик во истрагите. 

Како приоритет да се инвестира во човечки ресурси – сајбер истражувачи како нова професија, со вештини за пребарување на апликациите преку кои постои најголема веројатност за ИКТ ТЛ.

- Да се обрне внимание на нашата дигитална писменост во насока на ставање фотографиии од деца на социјалните мрежи, затоа што вештачката интелигенција тие фотографии или евентуални податоци некаде ги складира и може да ги употребува и во трговијата со луѓе. Да се самозаштитиме со дигитална самоодбрана, почетно пред се возрасните и секако децата во донос на постирањето на фотографиите, порачуваат и предупредуваат експертите. 

Како да се следат парите од ИТК трговијата со луѓе

Еден од главните предизвици е и како да се следат парите кои се заработуваат од ИТК ТЛ, затоа што криминалците и трговците се повеќе ги користат и криптовалутите.

Напредокот на технологијата создава се поголема загриженост поради начинот на регрутирање, инфлитрација и трговјата во луѓе, но и користење криптовалути за перење пари. Интернетот, мобилните телефони со апликации, социјалните мрежи им помагаат на криминалните групи за ТЛ. 

Финансискиот регулатор на Велика Британија, Financial Conduct Authority објави предупредување за инвестиции во криптовалути во државата во кое се нагласува дека крипто-инвестициите и кредитир

- Се повеќе криминалните активности се користи како омилена алатка Телеграм, what,s up, но работите стануваат потешки кога се користи Даркнет. Главната причина е анонимноста, затоа што е многу тешко да бидат откриени од органите на прогонот. Се користат апликации кои тешко се откриваат. Се поставува и прашањето дали скриншот од апликациии и онлајн рекламирањето може да се користи како доказ  при судска постапка, вели меѓународен експерт.

И во ЕУ, онлајн рекламата за сексуални услуги е феномен што расте и е во подем. Особено растечки тренд е рекламирањето деца, а постојат и страници на кои клиентите можат да даваат и оценки за оние што се рекламирани. 

На европско ниво, потенцира меѓународниот експерт, се зголемува бројот на осудени лица за ТЛ, а меѓународната соработка е императив за успех во борбата со транснационалната ТЛ. 

Зголемувањето на високите врски и растот на денешните неизбежни социјални мрежи доведе до опасност педофилите да демнат кај наивните деца ширум светот, а службениците од редот и законот преду

ТЛ е привлечна за криминалните актери поради високиот степен на профитабилност. Купувачите имаат корист и од зголемувањето на конкурентноста во пазарите за трговија со луѓе. Трговците со луѓе се во позиција да ги намалат своите операции на улици и целосно да ги преместат во виртуелен простор, предупредува експертот и додава дека капацитетот на технологијата за намалување на ризикот за трговците со луѓе во трговијата со луѓе пазарот има важни импликации бидејќи може да доведе до зголемување на неказнивоста и криминални активности на ова поле.

Британскиот таксист Сатбир Арора доби награда за херојство откако спаси мало девојче кое му реклo да ја однесе до станицата

Сатбир Арора го возел 13-годишното девојче кое требало да го пренесе од Оксфордшир до железничката станица Глостер. Меѓутоа, кога стигнале на одредиштето, никој не ја чекал на железничката станица, што веднаш му предизвикало сомнеж.

Девојчето му рекло дека возењето ќе го плати Сем Хевингс (24), човекот кој требало да ја чека.

- На таксистот му било сомнително и ја повикал сопругата, со која води такси услуги, за да ѝ каже дека се грижи за малото девојче. Потоа му го дал телефонот на девојчето, а таа ѝ се доверила на неговата сопруга и ѝ кажала дека нејзините родители не знаат каде е, пренесува британскиот портал „Метро“.

Таксистот и неговата сопруга тогаш решиле да повикаат полиција. Арора го побарал телефонот на девојчето и го побарал човекот со кој требало да се сретне и го снимил разговорот. 

Полицијата отишла во неговиот дом и го уапсила откако пронашла ранец во кој имало ножеви, селотејп и силни лекови против болки. Подоцна, било откриено дека тој зборувал за киднапирање, спиење и силување преку онлајн разговор.

Самиот Хевингс е осуден на пет години затвор, а како доказ е користена снимка од разговорот што го водел таксистот.

(Овој текст е преземен од фејсбук Женски Магазин/Zenski magazin) 
Цветанка Миновска

Фото:МИА архива и Програмска канцеларија на Советот на Европа во Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан