• вторник, 24 декември 2024

Тематско поетско читање и џез на Скопскиот поетски фестивал

Тематско поетско читање и џез на Скопскиот поетски фестивал
Скопје, 30 август 2022 (МИА) -  „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ е тематско поетско читање на кое во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол ќе настапат повеќе поети во рамки на 2. Скопски поетски фестивал. На поетското читање, кое ќе се одржи во Младинскиот културен центар, вечер од 20 часот ќе настапат Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и победникот на „Отскочна даска“ од преднастанот за млади поети од 16 до 25-годишна возраст што се одржа вчера во рамки на фестивалот. Второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ годинава се одржува од 29 август до 1 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања ќе учествуваат поети од земјава и странство. Поетските вечери ќе бидат надополнети со музички перформанси, како и работилница за креативно пишување поезија за млади, ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови изработени за фестивалот. ар/мд/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан