• сабота, 23 ноември 2024

Телохранители на Бред Пит и Мадона ќе ги чуваат Хари и Меган

Телохранители на Бред Пит и Мадона ќе ги чуваат Хари и Меган
Лос Анџелес, 1 април 2020 (МИА) - Хари и Меган од денеска почнуваат со својот нов начин на живот без кралски привилегии, па веќе си избраа и лична заштита. За нивната безбедност се грижеа телохранители од Скотланд јард. Новиот тим, што го избра двојката, го сочинуваат луѓе кои се грижиле за познати јавни личности како Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона и семејството на Берни Еклстоун. Меган Маркл и 35-годишниот Хари претходно објавија дека ќе користат „приватно финансирани мерки за безбедност“ по напуштањето на Велика Британија. Но, весникот „Мирор“ вчера објави дека, наводно, „приватните телохранители“ се под агенција финансирана од британските даночни обврзници. Извори одвнатре, наводно, тврдат дека ангажираните „немаат воопшто никаква желба да работат“ за Хари и Меган. - Никој не знае каков е планот и каде ќе се вселат времено или на долгорочен план, изјавува неименуваниот извор. Засега Хари и Меган се наоѓаат во Лос Анџелес и американските телохранители ќе ги чинат 800 британски фунти на ден. Се работи за тим од најмногу десет лица. Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, пред неколку дена соопшти дека САД нема да бидат одговорни за безбедноста на брачната двојка. Нивниот портпарол на тоа одговори дека тие двајца воопшто не очекуваат американските власти да плаќаат за тоа и оти нивната безбедност ќе биде личен трошок. си/гт/

Остани поврзан