Телефонски разговор Муцунски - Ландау: Потврдена конструктивната и блиска соработка со САД
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска телефонски разговарал со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, при што била потврдена конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.
Скопје, 14 ноември 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска телефонски разговарал со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, при што била потврдена конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО.
-Денеска остварив телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот ја потврдивме конструктивната и блиска соработка со САД, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата, објави Муцунски на Фејсбук.
Во разговорот, како што информира Муцунски, размениле мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и привлекување нови инвестиции.
-Ја реафирмирав нашата силна посветеност кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон зајакнување на заедничките напори за безбедност, стабилност и просперитет во регионот, нагласи Муцунски. ац/вј/
Фото: ФБ Тимчо Муцунски