• среда, 27 ноември 2024

Телефонски разговор Кулеба - Блинкен

Телефонски разговор Кулеба - Блинкен
Киев, 13 март 2022 (МИА) - Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба на Твитер објави дека имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен. - Во разговорот со секретарот Блинкен ја координиравме понатамошната помош за Украина, напиша Кулеба на Твитер. Тој им се заблагодари на САД што „цврсто застанаа на страната на украинскиот народ“. Претседателот на САД, Џо Бајден вчера одобри помош во оружје и други одбранбени средства за Украина во вредност од 200 милиони долари Средствата може да се користат за оружје и други одбранбени средства од резервите на американското Министерство за одбрана, како и за воено образование и обука за помош на Украина. ми/

Остани поврзан