• понеделник, 23 декември 2024

Телефонски разговор Драги-Шолц за санкциите против Русија

Телефонски разговор Драги-Шолц за санкциите против Русија
Рим, 1 април 2022 (МИА) – Италијанскиот премиер Марио Драги и германскиот канцелар Олаф Шолц во телефонски разговор се согласиле за важноста од задржување на санкциите против Русија, кои „се покажаа како многу ефикасни“, соопшти Кабинетот на италијанскиот премиер. Телефонскиот разговор меѓу италијанскиот и германскиот лидер се одржа откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ според кој „непријателските земји“, како што Москва ги нарекува земјите кои воведоа санкции против Русија, од денеска ќе платат за гасот со тоа што ќе мора да отворат сметки во рубљи во руски банки. И Италија и Германија се големи увозници на руски гас. јт/

Остани поврзан