Телекомуникациските услуги во Газа повторно во прекин
- Телекомуникациските услуги во зафатениот Појас Газа повторно паднаа, соопштија денеска телекомуникациските компании „Jawwal“ и „Paltel“.

Тел Авив, 26 декември 2023 (МИА) - Телекомуникациските услуги во зафатениот Појас Газа повторно се во прекин, соопштија денеска телекомуникациските компании „Џавал“ и „Палтел.
Двете компании со седиште на Западниот Брег објавија пораки на „X“ во кои потврдуваат дека „Газа повторно е затемнета“.
Причината за прекинот е „тековната агресија“ на Израел на палестинската територија, рекоа тие.
Од почетокот на војната, комуникациските мрежи во затворениот крајбрежен појас се во прекин неколку пати. мс/
фото: МИА архива