• вторник, 24 декември 2024

Телеком со пораст од 29,8 проценти на нето добивката во првото полугодие

Телеком со пораст од 29,8 проценти на нето добивката во првото полугодие

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) - Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на Македонски Телеком, којашто минатата година бележеше пад, во првите шест месеци од 2023 е зголемена за 7,7 проценти споредено со истиот период минатата година. И нето добивката е во пораст од 29,8 проценти, информира компанијата во соопштение за резултатите од првото полугодие од годинава.

Вкупните приходи од продажба, стои во информацијата, се стабилни, во чии рамки се бележи раст на приходите од основниот бизнис од 6,3 проценти во мобилниот сегмент и 3,5 проценти во фиксниот сегмент, соопшти денеска Македонски Телеком.

Во првите шест месеци од годината, бројот на оптички пристапи е зголемен за 11 проценти и изнесува 290 000. Тоа, појаснуават, е резултат на планот за масовна миграција на корисниците од бакар на оптика во сите делови од државата каде што има оптичко покривање. 

-Продолжува ширењето и на 5G мрежата, којашто сега е достапна во поголемиот дел од земјата, а до крајот на годината ќе покрива 70 проценти од населението. Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 2,8  проценти и изнесува 206,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи исто така порасна за 2,8 проценти, соопштува компанијата.

Уделот на ТВ пазарот изнесува 33,8 проценти со раст од 1,2 проценти,  односно 148,7 илјади корисници. Во мобилните комуникации, базата на корисници е зголемена за 3,1 проценти, со што бројот на корисници достигна 1,27 милиони. Во фиксната телефонија, како што посочува компанијата, остануваме на водечката позиција со удел од 61,5 проценти и 225 илјади корисници.  

-Одличните финансиски резултати од првото полугодие на 2023 година ја потврдуваат нашата долгорочна стратегија за континуирани инвестиции во развојот на најдобрата мрежа и во супериорно корисничко искуство. Остваривме раст на бројот на корисници во сите сегменти и интензивен развој на оптиката, 5G технологијата и пристапот до широкопојасен интернет. И покрај сите предизвици коишто денес влијаат врз бизнисите на глобално ниво, имаме стабилен раст и развој и верувам дека ќе го продолжиме овој тренд и до крајот на годината, вели во пишана изјава Славко Пројкоски, главен директор за финансии на Македонски Телеком.лв/

 

 

Остани поврзан