• сабота, 23 ноември 2024

Телеграма на Азески по повод смртта на Кирил Самарџиоски, долгогодишен директор „Прилепска пиварница“

Телеграма на Азески по повод смртта на Кирил Самарџиоски, долгогодишен директор „Прилепска пиварница“
Скопје, 9 ноември 2021  Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, упати телеграма со сочувство до семејството Самарџиоски по повод смртта на Кирил Самарџиоски, еден од најдолгогодишните соработници и активни членови во највисоките органи и тела на Стопанската комора на Северна Македонија. Претседателот Азески, истакна дека Стопанската комора на Северна Македонија е горда што во својата постава имала човек кој со својата работа и искуство, низ годините значително придонел за раст и развој на економијата и бизнис секторот во државата. Кирил Самарџиоски, беше реномиран бизнисмен, кој својот 45 годишен работен век во пиварската индустрија го започнува во далечната 1967 година. Во своето долгогодишно работно искуство остави зад себе низа успеси и постави основ врз кој „Прилепска Пиварница“ се изгради во светски реномирана и насекаде препознаена компанија. За своите заслуги и залагања, во 2014 година станува добитник на Третоноемвриската награда за животно дело. Во 2016 година, во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија беше одржана и промоција на монографијата „Сеќавања“ за Прилепска пиварница. Поттикнат од самите почетоци на работењето на компанијата, г-дин Самарџиоски со многу факти, податоци, информации корисни за самата фабрика, но и за економијата на нашата земја, даде осврт преку текст и слики преточени во книга, пишувана неколку години, од срце инспирирана од првиот ден на почетокот на неговата работа, преку предизвиците со кои компанијата се соочила низ времето и достигнувањата и позицијата на компанијата во која се наоѓа сега. Стопанска комора на Северна Македонија ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.

Остани поврзан