Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје
- Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави допсиникот на МИА од Кочани.

Кочани, 16 март 2025 (МИА) - Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави дописникот на МИА од Кочани.
Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата. та/бак/
Фото: МИА