• среда, 27 ноември 2024

Тедрос: Олабавувањето не мерките без контрола е рецепт за катастрофа

Тедрос: Олабавувањето не мерките без контрола е рецепт за катастрофа
Женева, 31 август 2020 (МИА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска предупреди ограничувањата воведени за борбата против коронавирусот да не се ублажуваат прерано и посочи дека тоа е „рецепт за катастрофа“, пренесе Тасс. На редовниот брифинг во Женева ток кажа дека ако земјите се сериозни во однос на мерките за ублажување, тогаш, исто така, мора да бидат сериозни и во борбата против ширењето на инфекцијата и спасувањето на животите на луѓето. Тој посочи дека постигнувањето на оваа рамнотежа може да изгледа невозможно, но не е така. -Такво нешто веќе се случило и треба да се случи, но само доколку земјите воспостават контрола врз ширењето на инфекцијата, рече генералниот директор на СЗО. Тој додаде дека колку повеќе земји имаат контрола над вирусот, толку повеќе можат да ги ублажат ограничувањата и предупреди дека мерките за олеснување без контрола на инфекцијата се „рецепт за катастрофа“.сд/  

Остани поврзан