• вторник, 24 декември 2024

Тедрос: На иницијативата Ковакс се придружија 184 држави

Тедрос: На иницијативата Ковакс се придружија 184 држави
Женева, 19 октомври 2020 (МИА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека 184 земји се приклучиле на „Ковакс“, глобална иницијатива на организацијата за правична дистрибуција на залихи на идни вакцини против коронавирус, како во богатите така и во сиромашните земји. - Фер дистрибуција на вакцини е најбрзиот начин да ги обезбедиме заедниците со висок ризик, да се стабилизираат здравствените системи и да се почне вистинско глобално економско закрепнување, рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева. Тој додаде дека Еквадор и Уругвај се последните кои се приклучија на Ковакс. ссм/

Остани поврзан