Тегелтија: Мирот и стабилноста во БиХ не се загрозени, не може да се прави паралела меѓу ситуацијата во БиХ и Украина
- Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, денеска во разговор со специјалниот пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, изјави дека мирот и

Сараево, 25 мај 2022 (МИА) - Претседавачот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, денеска во разговор со специјалниот пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич, изјави дека мирот и стабилноста во БиХ не се загрозени и дека не може да се направи паралела меѓу БиХ и Украина.
Тегелтија оцени дека секое ставање во контекст на ситуацијата во Украина и БиХ е неприфатливо и недозволиво, соопшти Советот на министри на БиХ.
Во соопштението се наведува дека Тегелтија го информирал британскиот пратеник за актуелната политичко-економска ситуација во земјата, при што нагласил дека внатрешниот дијалог и почитувањето на Дејтонскиот договор се клучот за долгорочниот успех на БиХ и единствениот начин да се обезбеди стабилност и напредок.
Тегелтија, исто така, додал дека е непотребно да се воведуваат какви било санкции за кој било во БиХ, особено за легитимно избрани владини функционери. паг/