• вторник, 24 декември 2024

Творечкиот опус на Јордан Плевнеш претставен во Црна Гора

Творечкиот опус на Јордан Плевнеш претставен во Црна Гора

Будва, 21 септември 2024 

Во присуство и учество на врвни автори од балканскиот и европскиот простор, на култниот фестивал „Кирилица“ во Будва, Црна Гора, претставен е творечкиот опус на македонскиот писател со меѓународно реноме, воедно и претседател на Меѓународниот универзитет “Еуропа Прима” Јордан Плевнеш.

Ретроспективатa на неговото творештво, беше прикажана низ видео снимки од различни изведби на неговите драми во светот, додека, инспиративна беседа, пред бројната публика за значењето на Плевнеш во светски рамки, имаше режисерот Горан Бјелановиќ.

Уметничката и академска турнеја на Плевнеш продолжува со три предавања во организација на Народната библотека од Подгорица „Радослав Љумовиќ“.

Станува збор за презентацијата на Македонија и балканските култури низ европските метрополи, како и за интеракциите во културниот и образовниот простор меѓу земјите кандидати за членки на Европската унија.

Предавањата, содржински, се замислени во духот на мислата на швајцарскиот писател Никола Бувие, „Балканот е срцето на Европа“, а радува и присуството, односно  проследбата од страна на голем број културни работници и студенти на црногорските универзитети, додека живите дебати предизвикаа голем интерес во црногорските и медиумите од Балканот и Европа, изјави писателот Плевнеш.

На предавањата во кои делото на Плевнеш е претставено од директорката на библиотеката Славица Иличиќ, присуствуваше и македонскиот амбасадор во Црна Гора, проф. д-р Зекир Рамчиловиќ. 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан