• сабота, 23 ноември 2024

Твитер ќе ги брише официјалните претседателски објави на Доналд Трамп

Твитер ќе ги брише официјалните претседателски објави на Доналд Трамп
Вашингтон, 23 декември 2020 (МИА) - Твитер потврди дека официјалните претседателски објави на Доналд Трамп ќе бидат избришани заедно со милионските следачи, пред да бидат префрлени на администрацијата на Џо Бајден, објави Би Би Си. Тимот на новоизбраниот американски претседател Бајден е против таквиот план, но компанијата соопшти дека одлуката е неотповиклива. Таквиот потег значи промена во однос на претходната смена на власта во 2016 година, кога Твитер се согласи да го прифати барањето на Трамп да ги наследи милионските следачи на Барак Обама. Твитер наведе дека сите оние кои го следат Доналд Трамп ќе бидат известени дека нивните објави ќе бидат архивирани и ќе можат да бираат дали сакаат да ги следат новите објави на администрацијата на Бајден. Одлуката нема да влијае на личниот налог на Џо Бајден, кој има 21,7 милиони следачи. гт/

Остани поврзан