• вторник, 24 декември 2024

Твитер отстрани налози од Индија поради кршење на правилата

Твитер отстрани налози од Индија поради кршење на правилата
Њу Делхи, 10 февруари 2021 (МИА) - Компанијата Твитер денеска соопшти дека отстранила дел од индиските налози откако Министерството за електроника и информациски технологии на земјата во последните 10 дена достави неколку одделни налози за блокирање во врска со масовните протести на земјоделците.
Твитер додава дека налозите, сепак, ќе бидат достапни надвор од Индија.
„Ниту еден суспендиран налог не им припаѓал на новинари, новински организации, активисти и политичари, бидејќи тоа би претставувало кршење на основното право на слобода на изразување според индискиот закон“, се наведува во соопштението на Твитер.
Овој потег уследи откако Твитер минатата недела привремено блокираше стотици налози, вклучувајќи ги и налозите на сајтови со вести, на активисти и на еден опозициски пратеник. По критиките, Твитер го врати пристапот до тие налози.
Налозите на Твитер беа блокирани во време кога илјадници земјоделци протестираат повеќе од два месеца поради новите закони од областа на земјоделството, со што ќе им се уништи заработката.
Владата соопшти дека овие закони ќе овозможат зголемување на производството преку приватни инвестиции. Сепак, критичарите велат дека партијата на премиерот Нарендра Моди ги искористи демонстрациите за да ја наруши слободата на говорот.
Твитер денеска соопшти дека презема чекори со цел „да ја намали видливоста на хаштагови со штетна содржина“ и дека станува збор за повеќе од 500 налози, од кои некои се трајно отстранети поради кршење на правилата на таа социјална мрежа. паг/

Остани поврзан