• вторник, 24 декември 2024

Твитер го прогласи Денот на укинување на ропството за неработен ден

Твитер го прогласи Денот на укинување на ропството за неработен ден
Вашингтон, 10 јуни 2020 (МИА) - Главниот директор и коосновач на Твитер, Џек Дорси најави дека „во иднина“ 19 јуни, денот кој во САД се одбележува укинување на ропството, ќе биде неработен ден за неговите две компании - Твитер и Сквер. - Тој ден ќе го посветиме на славење, учење и поврзување, објави Дорси на Твитер. Твитот на Дорси е во момент кога во САД има протести поради расизмот и полициското насилство по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина за време на полициска акција. На 19 јуни 1865 година генерал Гордон Грангер прочита проглас за ослободување на афроамериканските робови во Тексас, последната сојузна држава која го укина ропството по завршување на граѓанската војна. ми/

Остани поврзан