Тајсон во јули се враќа во рингот
- Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија, легендарниот Мајк Тајсон, се враќа во рингот во борба против јутјуберот, кој во меѓувреме стана боксер, Џејк Пол, на 20 јули во Арлингтон.
Њујорк, 8 март 2024 (МИА) – Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија, легендарниот Мајк Тајсон, се враќа во рингот во борба против јутјуберот, кој во меѓувреме стана боксер, Џејк Пол, на 20 јули во Арлингтон.
Тајсон (57), според многумина најголемиот боксер на сите времиња, рече дека ќе биде забавно да влезе во рингот со Пол, кој е на возраст од 27 години и има девет победи и еден пораз во својата боксерска кариера.
„Се радувам на овој предизвик“, изјави Тајсон, кој ќе биде на возраст од 58 години во време на борбата закажана на стадионот „AT&T“ со капацитет од 80.000 седишта.
Пол настапи во претборба во 2020 година кога Тајсон во ревијален дуел се соочи со Рој Џонс.
„Сега, помалку од четири години оттогаш, ќе се борам против Тајсон за да видам дали го поседувам тоа што ми е потребно да победам толку голема икона“, рече Пол. ег ФОТО: Икс