• сабота, 23 ноември 2024

Тајм го избра Леброн Џејмс за спортист на годината

Тајм го избра Леброн Џејмс за спортист на годината
Њујорк, 10 декември 2020 (МИА) - Американскиот магазин „Тајм“ го избра кошаркарот на НБА лигата, Леброн Џејмс за спортист на годината, објави денеска весникот. Во образложението на одлуката се наведува дека овој кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс воспостави нова парадигма во која се вели дека постои комерцијално влијание заедно со политичкиот принцип. „Тајм“ потсетува дека на крајот на јуни годинава, охрабрен од движењето „Блек Ливс Метер“ („Black Live Metters“), Џејмс ја основа непрофитната организација „Повеќе од глас“ со цел да привлече се поголем број луѓе на гласачките места. До август, речиси 50 спортисти, забавувачи и медиумски личности му се придружија, а организацијата до одржувањето на изборите регрутираше повеќе од 40.000 работници за изборите на места како Атланта, Милвоки, Детроит и Филаделфија, градови кои помогнаа да се обезбедат клучни гласови за демократскиот кандидат Џо Бајден. Џејмс ги охрабри своите следбеници на Твитер, 48 милиони од нив, да гласаат, а себе се претстави на билборд на кој пишуваше „гласај или умри“, што според „Тајм“ е најистакнат пример за растечкиот активизам што се шири во спортскиот свет во 2020 година.  „Поттикнати од пандемијата која непропорционално однесе  животи на обоени граѓани, полициските убиства на невооружени Афроамериканци, сите - спортисти, тениски sвезди, возачи на тркачки автомобили зборуваа против расната неправда“, наведува „Тајм“. паг/

Остани поврзан