Тајани: Предлогот на Италија јужниот фронт на НАТО да биде приоритет наиде на поддршка
- Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел побарал приоритет да биде „јужниот фронт“ на Алијансата и оти предлогот бил прифатен.

Брисел, 3 април 2024 (МИА) – Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел побарал приоритет да биде „јужниот фронт“ на Алијансата и оти предлогот бил прифатен.
Тајани истакна дека италијанскиот предлог бил пречекан со голем ентузијазам и оти документот подготвен од група експерти на НАТО е позитивно прифатен, пренесе АНСА.
- Опширно разговаравме за можноста за именување специјален пратеник за јужниот фронт и побарав јужниот фронт да стане приоритет на НАТО, изјави Тајани. јт/
Фото: МИА архива