Ташовски: Можеме да ја победиме Унгарија
- Македонскиот кошаркарски репрезентативец Виктор Ташовски е оптимист пред мечот со Унгарија во претквалификациите за Мундобаскет 2027.
Шолнок, 7 август 2025 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец Виктор Ташовски е оптимист пред мечот со Унгарија во претквалификациите за Мундобаскет 2027.
-Македонија треба да биде над своите можности. Веројатно ќе бидеме во улога на аутсајдери на овој натпревар. Но ништо не е нереално. Но јас ќе бидам оптимист, и ќе кажам дека одиме на победа. Како на натпреварот со Унгарија, така и на следното гостување во Романија. Не е нереално да се победи и таму, така да очекувам победа на двата меча, изјави Ташовски.
Натпреварот со Унгарија ќе се игра в сабота (9 август) во Шолнок со почеток во 18 часот.
За 13 август е закажан дуелот со Романија во Орадеа.
На табелата во Б-групата Романија е прва со четири бода, Македонија и Унгарија имаат по еден. зс/
Фото: МКФ