• среда, 27 ноември 2024

Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин за воени злосторства

Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин за воени злосторства

Хаг, 3 април 2023 (МИА) - Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства.

Тој се соочува со 10 точки од обвинението поврзани со војната во 1998 и 1999 година.

- Го разбирам обвинението и се изјаснувам за невин, им рече тој на судиите по почетокот на постапката.

Во Хаг денеска почна судењето на поранешните лидери на ОВК обвинети за злосторства врз Срби, неалбанци и политички неистомисленици. ссм/

Остани поврзан