• среда, 27 ноември 2024

Тачи: Владата нема да падне, ќе има нови министри

Тачи: Владата нема да падне, ќе има нови министри
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Пратеникот на ДПА, Мендух Тачи денеска изјави дека според информациите, со кои располага тој, актуелната Влада ќе опстои, Зоран Заев ќе остане на власт следните три години, а Северна Македонија ќе добие датум за преговори. Тачи во гостување во „Утрински брифинг“ говореше за консултациите на владините партнери во пресрет на денешната парламентарна седница, на која на дневен ред е Иницијативата за интерпелација на Владата, нагласувајќи дека кога разговорите се водат во „пет до 12“, тие се тајни, а ги предводел Заев. - Мислам дека денеска нема да падне Владата. Според информациите што ги имам, Владата ќе остане и ние и ќе добиеме датум за преговори, истакна Тачи. Тој изјави дека ВМРО-ДПМНЕ имале средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, но, како што напомена, „според тоа каков им е рејтингот малку е веројатно дека би сакале да има предвремени избори“. Тачи додава дека Беса е мала партија со занемарлив резултат на изборите, а Алијанса има амбиции да се бори за власт. Смета дека и Заев и опозицијата избрзале со иницијативата за оставката, односно со иницијативата за пад на оваа Влада. - Како да се местеа коцките, Заев да се врати. За мене како политичар со искуство беше неразбирливо од каде толкави суми пари се фрлија на овие избори. Ова не беа локални избори оваа иницијатива не беше локална, ова беше иницијатива за промена на поредокот во Македонија. Од надворешен аспект, дали парите се од Кина или Русија треба да си дознаат службите. А што се однесува до домашен аспект, се знае дека валканите пари се перат преку урбаната мафија. Нашиот премиер храбро влезе во оставката. Во Косово партијата на премиерот не освои ништо на локални избори никој не го ни праша за оставка, вели Тачи за „Утрински брифинг“. Во однос на тоа што доколку резултатот од вечерашното гласање е никој да нема мнозинство, Тачи вели дека премиерот по евентуалното неуспешното гласање вечер има овластување да преговара и ќе се формира нова реконструирана влада со Зоран Заев како мандатар. - Јас велам дека на 15 ќе имаме и добра вест, вели Тачи. ац/сп/

Остани поврзан