• сабота, 23 ноември 2024

Татар и Акнаџи во втор круг од претседателските избори

Татар и Акнаџи во втор круг од претседателските избори

Никозија, 12 октомври 2020 (МИА) - Националистот Ерсин Татар освои најголем број гласови на вчерашните претседателски избори во Турската Република Северен Кипар, признаена само од Анкара, но не доволно за победа во првиот круг.

Татар освои 32,46 отсто од гласовите, додека досегашниот претседателк Мустафа Акинџи, кој е во спор со властите во Турција, доби 29,73 проценти.

Изборната омисија наведе дека на трето место е Турфан Ерхурман со 21,62 проценти освоени гласови.

Акинџи и Ерхурман се социјалдемократи кои се залагаат за повторно обединување на Кипар, кој според нив треба да биде федерална држава.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 18 октомври. ми/

Остани поврзан