• среда, 25 декември 2024

Тасевска: ДПМНЕ не се грижи за граѓаните, не ги поддржа законите за помали камати

Тасевска: ДПМНЕ не се грижи за граѓаните, не ги поддржа законите за помали камати

Скопје, 22 јули 2023

ДПМНЕ уште еднаш го покажа своето вистинско лице на неодговорност и деструктивност.


Пратениците од ДПМНЕ заедно со пратениците од Левица, не дадоа поддршка на измените на Законот за облигациони односи, Законот за извршување и Законот за финансиски друштва.


Со овие измени ставивме крај на должничкото ропство и крај на богатењето на поединци и групи врз грбот на граѓаните.


Отсега, каматата нема да смее да го надминува износот на главниот долг, трошоците за еден таканаречен брз креди нема да смеат да бидат повисоки од 60 отсто од износот на кредитот, а рокот за застарување го намаливме од 10 на 5 години.


Сето ова е во интерес на граѓаните кои долго време бараа регулирање на оваа материја и е во насока на заштита на нивниот економски стандард.


Но тоа очигледно не е важно за пратениците на ДПМНЕ и Левица кои не дадоа поддршка на овие важни закони.


Уште еднаш како и многу пати до сега, ДПМНЕ и Левица докажуваат дека воопшто не им е грижа за граѓаните, дека се водат исклучиво од лични интереси.


За разлика од нив, СДСМ заедно со парламентарното мнозинство продолжува да работи на мерки и решенија кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани. 

Фото: СДСМ

СДСМ - Центар за комуникации со јавност

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки. 

Остани поврзан