Тарантино вторпат ќе биде татко
- Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга, израелската пејачка Даниела Пик, првпат се сретнаа 2009 година додека режисерот во Израел го промовираше својот филм „Неславни копилиња“. Двојк

Тел Авив, 10 февруари 2022 (МИА) - Познатиот режисер Квентин Тарантино (58) и неговата сопруга го очекуваат своето второ дете. Веста доаѓа две години откако двојката го доби своето прво дете - синот Лео, во февруари 2020 година.
Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга, израелската пејачка и топ-модел Даниела Пик, првпат се сретнаа 2009 година додека режисерот во Израел го промовираше својот филм „Неславни копилиња“. Двојката се сврши во јуни 2017., а се венчаа во ноември 2018. во Лос Анџелес.
Во интервју со Џими Кимел лани, Тарантино објасни зошто на својот син му го дал името Лео - за кого многумина мислеа дека е именуван по Леонардо ди Каприо, со кого режисерот соработуваше на филмовите „Џанго незауздан“ и „Си беше еднаш во Холивуд“. Тоа испадна дека не е точно, зашто бебето било крстено по дедото на Даниела, „но и затоа што во нашите срца, тој беше нашиот мал лав“, како што изјави тогаш оскаровецот.
Тарантино и неговото семејство во мигов живеат во Тел Авив, Израел, а Лео учи да говори и англиски и хебрејски јазик. си/