• понеделник, 23 декември 2024

Таравари утре закажа состанок во Куманово, АА преку соопштение потенцира дека Централното Собрание ќе се одржи в сабота во Скопје

Таравари утре закажа состанок во Куманово, АА преку соопштение потенцира дека Централното Собрание ќе се одржи в сабота во Скопје

Скопје, 7 февруари 2024 (МИА) - Несогласувањата меѓу претседателот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари и претседателот на партиското Централно собрание Зијадин Села продолжуваат и денеска со различните информации за тоа кога и каде ќе се одржи седница на Собранието. Откако беше објавено дека партијата за в сабота во 13 часот во Скопје закажува Централно собрание, кое доаѓа по најавата на Таравари дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција, од синоќа кружи информацијата дека тој закажал состанок со делегатите на Собранието за утре во Куманово.

Таравари ова го потврди и во изјава за МИА. -Утре во 19 часот во Куманово ќе одржам консултативен состанок со делегатите на Собранието на партијата, рече Таравари за МИА. АА, пак преку партискиот мејл испрати соопштение до медиумите во кое се нагласува дека партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, а не во Куманово.  

-Дел од членовите на Собранието на Алијансата за Албанците во текот на вчерашниот ден добиле порака за средба во градот Куманово, а потоа и за средба со претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари. Она што сакаме да ве известиме е дека никој не треба да подлегне на дезинформации дека се одржува партиско собрание, бидејќи како што ќе заклучите од поканата, станува збор за собир и состанок. Партиското собрание, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13:00 часот, се наведува во соопштението испратено од електронската пошта на АА до медкумите.

Пратеникот на АА, Халил Снопче, пак во изјава за електронското издание на Весникот на албански јазик „Лајм“ вели дека утре ќе се соберат да ја потврдат поддршката за Таравари. Посочува дека на Централното Собрание на партијата закажана за в сабота нема да има кворум и потенцира дека ќе биде само еден партиски митинг.

-Ние ќе се собереме утре во Куманово и ќе ја потврдиме поддршката за Таравари. Политичката поддршка Таравари ја има, бидејќи го има апсолутното мнозинство на делегатите на Собранието на партијата и утре само ќе се потврди технички и формално оваа политичка поддршка што господин Таравари ја има добиено од делегатите на Собранието на партијата. Утре ќе се потврди дека мнозинството на Собранието на партијата стојат позади Таравари  и мнозинството ќе учествуваат утре во Куманово, каде ќе се дмонстрира силната поддршка за Таравари. И во сабота нема да има ниту кворум. Во сабота може да се одржи само еден партиски митинг, рече Снопче.

Пред скоро време, Академијата за обвинители и судии го објави списокот на прифатени кандидати за седмата генерација кои, по две години, ќе бидат потенцијални судии и обвинители. Иако оваа инс

Несогласувањата меѓу Таравари и Села настанаа откако партискиот претседател без да го консултира претседателот на партиското Собрание замина во Приштина со лидерите на партиите на албанскиот опозициски блок Европски сојуз за промени на средба со албанскиот премиер Албин Курти, но и потоа откако се повеќе стануваше извесно дека Таравари планира коалицирање на престојните избори со албанските опозиционери.

Кадровската комисија на АА вчера побара од техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити, поради, како што наведе, нивното користење на на моќта на министерската функција, но без партиска позиција за да спроведуваат дејствија кои, како што велат, се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ, посетувајќи го нејзиниот министер. Алиу и Меџити, пак вчера на прес-конференција пред Владата изјавија дека немаат намера да да поднесат оставка и дека според нив партијата е единствена, има легитимни органи и легитимен претседател.

Откако Таравари најави дека партијата на претстојните парламентарни избори ќе се приклучи кон албанската опозиција доби поддршка од Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути, кои го обвинија дека како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Техничкиот премиер Џафери, пак, во интервју за МИА изјави дека ја следи ситуацијата во АА, која има тројца министри во владиниот состав, и дека ќе постапи согласно неговите надлежности. Тој вели дека нема да се раководи од Фејсбук статуси, туку дека членовите на Владата од оваа партија ќе треба официјално по институционална линија да се изјаснат во ситуација кога имаат спротивставени ставови дали имаат чувство на припадност на овој состав или не.

-Во принцип знаете многу одамна сум кажал не сум политичар од Фејсбук, сходно на тоа не сум премиер кој се раководи со изјави по Фејсбук или на партиски активности. Јас сум премиер на оваа Влада и соодветно ќе треба да се изјаснат, официјално, членовите на Владата во ситуација кога имаат спротивставени ставови, да се изјаснат по институционална линија дали имаат чувство на припадност на овој состав или не. Не можам да се раководам по она што се случува по телевизии и по конференции партиски, изјави Џафери во интервјуто за МИА. фф/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан