• сабота, 23 ноември 2024

Таравари се сретна со регионалната директорка на УНФПА Флоренс Бауер

Таравари се сретна со регионалната директорка на УНФПА Флоренс Бауер

Скопје, 1 ноември 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари, во рамки на 74-от Регионален состанок на СЗО, одржа билатерална средба со регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија Флоренс Бауер.

На средбата, како што информира Министерството за здравство, беше дискутирано за досегашните успеси во соработката, вклучувајќи го намалувањето на смртноста кај мајките и новороденчињата, воведувањето мобилни гинеколошки клиники и зајакнувањето на скринингот за рак на грлото на матката.

Оваа средба, како што се наведува, ја нагласува заедничката посветеност за подобрување на здравствените услуги и обезбедување подобра покриеност за сите граѓани, приближувајќи ја земјата поблиску до европските здравствени стандарди.

- Министерството останува посветено на продолжување на заедничките напори за напредок во универзалното здравствено покривање и промоција на сексуалното и репродуктивното здравје преку широка соработка на патот кон ЕУ, стои во соопштението. мд/са/

Фото: Фејсбук на Министерство за здравство

 

 

Остани поврзан