Таравари: Ова е револуција на надежта
- Вечерва започна повикот на младината од Полог, порача актуелниот и кандидат за градоначалник на Гостивар од Алијанса на Албанците Арбен Таравари на отворањето на канцеларијата за млади во Гос

Скопје, 30 септември 2021 (МИА)-Вечерва започна повикот на младината од Полог, порача актуелниот и кандидат за градоначалник на Гостивар од Алијанса на Албанците Арбен Таравари на отворањето на канцеларијата за млади во Гостивар, заедно со Младинскиот форум на партијата.
-Ова нашето е Револуција на надежта! Ова е Моќта на младоста, Моќта на почитта, Моќта на Гостивар, гласајте за Гостивар. Заокружете број 6 и Бог да ве благослови, бидејќи ние сите сме еднакви, сите сме Гостиварци, рече Таравари по средбата со младите. бк/