• среда, 27 ноември 2024

Таравари: Најдобро би било да имаме и нова компресорска станица и старата да ја зачуваме и сервисираме

Таравари: Најдобро би било да имаме и нова компресорска станица и старата да ја зачуваме и сервисираме

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари смета дека за функционирање на хируршките сали би било најдобро да се направи нова компресорска станица, но да се сервисира и зачува и старата како „бек-ап“. Тој знае дека има фирма што се пријавила на јавниот оглас за компресорските станици, но денеска очекува да биде информиран дали фирмата ги исполнува условите.

Според Таравари, најверојатно во почетокот на идната година ќе има нова станица.

- Се надевам дека во почетокот на идната година ќе има нова станица. Знам дека има фирма што се пријавила на јавниот оглас за компресорските станици, но не знам дали ги исполнува условите. Се надевам дека екипата во Министерството за здравство денеска ќе ме брифира дали ги исполнува, јас се надевам дека ги исполнува и веќе ќе размислиме да почнеме со процедурата. Би сакал да ги оставиме и посточеките станици, надворешните компресори, да направиме уште една дополнителна нова станица и оваа старата да стои како „бек-ап“ за евентуално ако има дефект во едната, веднаш да ја вклучиме другата. Ни преостанува да разговараме. Ако ги исполнува сите услови компанијата, да разговарам со нив како можеме ова да го изведеме. Ни треба што поскоро да функционира. Мене ми треба прво да добијам информација дали компанијата ги исполнува сите услови за потоа да ја повикам и да разговарам со нејзините претставници, за сериозно да ја сработиме оваа работа зашто многу ни е битно хируршките сали да функционираат. Најдобро би било и многу е важно за сите хируршки сали да имаме и нова компресорска станица и старата да ја зачуваме и сервисираме, изјави Таравари, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника. 

Тој напомена и дека во хируршите сали веќе не се чувствува мирис, тоа му го кажале рече, колегите кои работат таму.

-Моментно добро функционираат повеќето хируршки сали на генерално сите хируршки клиники, потенцира министерот. мч/бак/

Фото/видео: МИА 

 

 

Остани поврзан