• понеделник, 16 декември 2024

Таравари: Ако не се изгласаат уставните измени, неизбежни се предвремени избори

Таравари: Ако не се изгласаат уставните измени, неизбежни се предвремени избори
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - В.д. претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари се надева дека во овој парламентарен состав ќе бидат донесени уставните измени и дека ќе помине нивното барање од Уставот да се тргне формулацијата „друг јазик кој го зборуваат 20 проценти од населението“. - Мислам дека ова прашање е веќе апсолвирано и дека има добро расположение и кај македонските и кај албанските партии. Мислам дека постои консензус за тоа. Не е достоинствено за било кој јазик да стои 20 проценти. Мислам дека е достоинствено да стои македонски и албански јазик, рече Таравари во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Доколку не се изгласаат уставните измени, според Таравари, неизбежни се предвремени парламентарни избори. - Ако не поминат уставните измени во овој парламентарен состав, тогаш мислам дека уште долг временски период ќе тапкаме во место и ќе бидеме држава во која нема да има ниту Македонци, ниту Албанци, ниту други етнички заедници бидејќи полека народот се иселува. Ако не поминат уставните измени, може да се случат и предвремени избори. Ако нема договор за уставните измени, мислам дека неизбежни се предвремените избори, подвлече Таравари. Според него, можеби треба да се размислува и за нов функционален устав бидејќи постоечкиот, како што вели, е „крпен“. - Убаво е да размислуваме можеби за нов функционален устав. Нашиот Устав, за жал, е крпен устав. Нон стоп е менуван како што евалуирала државата, рече Таравари. За балансерот вели дека се подготвени да разговараат, но дека треба да се донесе нов закон за правична застапеност. бак/    

Остани поврзан