• сабота, 21 декември 2024

Талибанците затворија две ТВ станици бидејќи не се придржувале до исламските вредности

Талибанците затворија две ТВ станици бидејќи не се придржувале до исламските вредности

Кабул, 17 април 2024 (МИА) - Талибанците забранија две телевизиски станици во Авганистан затоа што не се придржувале до националните и исламските вредности.

Официјален претставник на Комисијата за прекршоци во медиумите при Министерството за информации, Хафизулах Баракзаи, кажа дека судот ќе ја испита работата на двете станици со седиште во Кабул - ТВ Нур и ТВ Бариа, и дека тие не можат да ја емитуваат програмата додека судот не ја донесе својата пресуда. 

-И покрај постојаните предупредувања и препораки, ТВ Нур и ТВ Бариа не ги следеа новинарските принципи, не ги земаа предвид националните и исламските вредности, рече Баракзаи.

Меѓутоа, тој не наведе повеќе детали за наводните прекршувања.

Авганистанскиот центар за новинарство ги нарече овие суспензии „незаконски чин“ на владата под контрола на талибанците. Суспензиите, сметаат оттаму, се уште еден чекор кон дополнителните ограничувања на медиумите во земјата.

Многу новинари ги загубија своите работни места откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година, а новинарките се соочуваат со дополнителни тешкотии поради забраните за работа и ограничувањата за патување.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан