• сабота, 21 декември 2024

Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Талески: Ново зголемување на откупата цена на тутунот за 35 денари, досега имаме просечна цена од 365 денари

Скопје, 11 февруари 2024

СДСМ покажува што значи вистинска грижа за тутунарите и што значи почитување и вреднување на нивнот труд и мака.

Откупот на тутунот се одвива добро и што е најважно овие денови гледаме уште едно зголемување на откупната цена за 35 денари, доаѓајќи до просечна цена од 365 денари по килограм во овој момент.

За 20 денари ја зголемуваме субвенцијата по класи за предаден тутун и креираме нова мерка за субвенција по пријавена површина тутун од 6.000 денари по пријавен хектар.

Секој еден тутунар покрај овие 365 денари откупна цена на тутунот, би добил и 100 денари по килограм, субвенција за предаден тутун од прва класа.

Вкупна поддршка за прва класа тутун од 465 денари добива секој тутунар.

Дополнително, тутунарите преку новата мерка за прв пат, стекнуваат право и за мерката зелена нафта, во износ од 12.000 денари по хектар.

СДСМ преку надлежното Министерство за земјоделство навремено уште пред почеток на бербата и откупот, ги започна разговорите меѓу откупувачите и тутунарите.

Еве ги резултатот, дојдовме до повисока цена, прифатлива за двете страни, цена која е фер и ја почитува маката на тутунарите.

Паметат тутунарите, со ДПМНЕ во 2016 година имаа линеарна исплата од 60 денари по килограм.

Со СДСМ тутунарите и сите земјоделци добиваат повеќе.

Така и ќе продолжиме.

Миле Талески, пратеник на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан