Талески: Власта одби 100 денари линерана субвенција, Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите
- СОПШТЕНИЕ:
Скопје, 11 декември 2024
Почитувани граѓани,
Власта на Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги изневерија тутунарите и ги оставија на цедило.
Иако ветуваа повисоки откупни цени, тутунот сега се откупува по делеку помали цени.
Откупните цени на тутунот оваа година се пониски од ланските. Прва класа се откупува за 375 денари, втора класа за 300 денари, трета класа – 240 денари, и дополнителна класа – 115 денари.
Овие цени се многу пониски од лани и не ги покриваат зголемените производствени трошоци на тутунарите.
Токму затоа пратеничката група на СДСМ достави законско решение за 100 денари линеарна субвенција за тутунарите за сите класи.
Без око да им трепне, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Собранието го одбија ова Законско решение и застанаа протиав тутунарите.
Во време на владата на СДСМ, тутунарите добиваа многу повеќе.
Благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, без одбитоци, цените лани достигнуваа и над 500 денари за килограм тутун – историски највисоки откупни цени на тутунот.
Мицкоски, Трипуновски и ДПМНЕ ги излажаа и ги изневерија тутунарите.
Иако кога беа во опозиција, ветуваа дека откупната цена на тутунот по килограм кога ДПМНЕ ќе биде власт ќе биде 600 денари.
Ниту има 600 денари откупна цена, ниту пак прифатија предлог да им се даде уште 100 денари по килограм.
Оваа година тутунарите имаат помала откупна цена како резултат на погрешните политики на ДПМНЕ.
Откупните цени на тутунот паѓаат, повеќе од 20.000 семејства кои живеат од производство на тутун оваа година ќе имаат помалку пари во семејниот буџет.
СДСМ останува на страната на тутунарите и ќе продолжиме и понатаму да се бориме за нив и да се спротивставуваме на погрешните политики на ДПМНЕ.
Прес-конференција на Миле Талески, пратеник на СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: СДСМ