• сабота, 23 ноември 2024

Тактички перформанси на новите оклопни возила „JLTV Oshkosh“ презентирани пред спикерот Џафери и членовите на Комисијата за одбрана

Тактички перформанси на новите оклопни возила „JLTV Oshkosh“ презентирани пред спикерот Џафери и членовите на Комисијата за одбрана
Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - На покана на министерката за одбрана Славјанка Петровска, претседателот на Собранието, Талат Џафери, заменик претседателот Горан Мисовски и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска во штипската касарна „Јане Сандански" можеа да проследат показна вежба чиј составен дел беа и новите, најмодерни лесни оклопни возила „JLTV Oshkosh“ на Армијата на Република Северна Македонија. Од Министерството за одбрана информираат дека вежбата „Употреба на JLTV возилата при изведување на борбени операции со воздушна поддршка“ ја извеле припадниците на вториот баталјон од 1. пешадиска бригада на Армијата, единица која пред пет месеци успешно го помина НАТО оценувањето. Како што се посочува во соопштението, по вежбата од страна на припадниците на армиската НАТО единица присутните биле запознаени и со тактичко техничките карактеристики на возилата и нивната намена, а било презентиран и дел од нивната лична опрема и вооружување. Од Министерството соопштуваат дека првите шест нови лесни оклопни транспортери од американско производство пристигнале во јули годинава и со нив, како што посочуваат, значително е подобрена борбената готовност на Армијата. Се очекува во следниот период да биде испорачана нова пратка од 27 возила од овој тип. фф/ац/

Остани поврзан