• среда, 27 ноември 2024

ТАВ: Аеродромот Скопје е постојано и целосно снабден со хигиенски средства

ТАВ: Аеродромот Скопје е постојано и целосно снабден со хигиенски средства
Скопје, 18 март 2020 Ги демантираме наводите објавени од профили на поединци на социјалните мрежи кои одредени медиуми ги објавија, а во кои се тврди дека на Меѓународниот Аеродром Скопје нема сапун во тоалетите. Имено, по налог на Министерството за здравство поголем број патници вечерва се задржани во изолиран дел на Аеродромот, при што поради зголемената потреба во тој тоалет сапунот во еден момент се потроши, но веднаш потоа беше дополнет на страна на нашите вработени. Во овие кризни времиња, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор ги вложува сите ресурси со цел да обезбеди највисоко ниво на услугите, а хигиената е врвниот приоритет во услови на светска пандемија предизвикана од Коронавирусот. Како што веќе објавивме, ги дезинфицираме површините на аеродромот три пати на ден, а покрај тоа тоалетите постојано се чистат и сапунот постојано се дополнува, согласно зголемените потреби. Дополнително, за патниците имаме поставено и диспанзери со средство за дезинфекција на рацете. Ја разбираме чувствителноста на темата и токму поради тоа правиме сè што е во наша надлежност со цел патниците да се чувствуваат безбедно. Ќе продолжиме да го правиме тоа се до последниот момент на работа, до утрешното затворање на Меѓународниот Аеродром Скопје, на полноќ во 23:59 часот. Ве замолуваме за коректно информирање на јавноста. ТАВ Македонија ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан