ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток
- СООПШТЕНИЕ - ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, денеска донираше свежо подготвени оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток при Црвен Крст на Град Скопје.
Скопје, 20 декември 2024 (МИА) - ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, денеска донираше свежо подготвени оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток при Црвен Крст на Град Скопје.
Донацијата наречена „ТАВ готви“, која што опфаќа и волонтерска помош од вработените на ТАВ, се состои од 110 свежо приготвени хранливи оброци кои, како што информира компанјата, имаат за цел да обезбедат топлина, вкусна храна и комфор на луѓето на кои тоа им е потребно во празничниот период.
- Во ТАВ Аеродроми, веруваме во моќта на враќањето на заедницата, а има ли подобро време за тоа од периодот пред да ја пречекаме Новата година, кога многумина од нас се потсетуваат на минатото и се радуваме на подобра иднина. Оваа донација е мал знак на внимание од нас со кој покажуваме колку ја цениме заедницата и нашата желба никој да не остане без храна на преминот кон новата година, изјави Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија.
Ова е втора донација на топли оброци оваа година од ТАВ Македонија за Пунктот за бездомници Момин Поток, подготвена од БТА Македонија, сестринска компанија на ТАВ Македонија одговорна за храна и пијалаци на Меѓународниот Аеродром Скопје.
-Замислата на оваа активност од областа на корпоративната општествена одговорност од страна на ТАВ Аеродроми е обезбедување на бездомните лица со основни хранливи оброци во нивната борба за справување со предизвиците на бездомништвото. Пунктот, кој ја опслужува локалната заедница речиси 15 години и натаму продолжува да биде клучен ресурс за луѓето кои имаат потреба за засолниште, оброци и чувство на надеж, информираат од ТАВ Македонија.лв/са/
фото:ТАВ Македонија