• сабота, 23 ноември 2024

Сoздателката на вакцината од Оксфорд доби своја „Барбика“

Сoздателката на вакцината од Оксфорд доби своја „Барбика“
Оксфорд, 4 август 2021 (МИА) - Производителот на „Барби“-кукли, компанијата „Мател“ создаде реплика на научничката Сара Гилберт, која ја создаде вакцината против коронавирусот на Оксфорд. Професорката Гилберт рече дека за неа, првично, тоа било „многу чудно“, но се надева дека куклата ќе ги инспирира децата. - Мојата желба е мојата кукла да им покаже на децата жена која направила кариера во непопуларни професии, како што е вакцинолог, рече таа. Нејзината „Барбика“ е една од петте што им оддава почит на жените што работат во науката, технологијата, инженерството и математиката. Вакцинологот Сара Гилберт, која беше почестена и со награда по повод роденденот на кралицата, почна со создавањето вакцина против коронавирусот во почетокот на 2020 година, кога вирусот првпат се појави во Кина. Вакцината на Оксфорд - Астра-Зенека, сега е најшироко користена во светот, а дозите од неа се администрираат во повеќе од 170 земји.  си/сд/

Остани поврзан