• среда, 25 декември 2024

С. Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД

С. Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Северна Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР). Ова е еден од заклучоците од денешната средба на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски со црногорскиот министер за земјоделство Александар Стијовиќ и државната секретарка за земјоделство Николина Мишниќ. Како што пренесуваат од АФПЗРР, на состанокот се разговарало како двете институции да обезбедат меѓусебна соработка и заемно да си помагаат во насока на развој и јакнење на административната структура и зголемена апсорпција на средствата и од националниот и од ЕУ буџетот. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски истакнал дека со интензивирање на комуникацијата на политичко и техничко ниво се отвораат и нови можности за размена на искуства и меѓусебно помагање на патот кон ЕУ и за двете земји. - Република Северна Македонија преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руреалниот развој, веќе долго време ја реализира ИПАРД програмата. Најдобар доказ дека и институцијата и земјава имаат капацитет за нејзина успешна имлементација е целосното искористување на расположливите средства одобрени од ЕУ, преку ИПАРД 2 програмата. Потврда дека сме лидер во регионот за искористување на средствата од ИПАРД 2, пристигна и од Директоратот за земјоделство на ЕУ, истакнал Бачовски. Министерот за земјоделство на Црна Гора порачал дека се добредојдени сите искуства и насоки со цел успешна имплементација на ИПАРД програмата во Црна Гора, но и апсорпцијата на средствата од националниот буџет. - Заедничкото минато, географската близина, и досегашното искуство се гарант за успешна соработка во иднина. Имаме многу што да научиме од институционалната меморија на вашите служби и се надеваме дека вашата поддршка во нашите реформи нема да изостанат, истакнал Стијовиќ. Двете институции, како што наведува, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во наредниот период ќе склучат и договор за соработка со што и официјално ќе почне меѓусебната соработка. ар/бак/

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан