• вторник, 24 декември 2024

Сухој 30 по грешка соборен во Русија за време на воена вежба

Сухој 30 по грешка соборен во Русија за време на воена вежба
Москва, 24 септември 2020 (МИА) - Ловец Сухој-30 вреден 50 милиони долари се урна во централна Русија, а локалните медиуми јавуваат дека тој бил соборен од друг авион за време на воени вежби. Двајцата пилоти безбедно катапултираа, пренесува РТ. Западниот воен округ на Русија соопшти дека авионот паднал во регионот Твер и дека пилотите се пронајдени во „задоволителна“ состојба. Армијата не откри детали за инцидентот, а локалните медиуми јавуваат дека најверојатно ловецот бил соборен. Прелиминарните наоди укажуваат на тоа дека авионот по грешка  бил погоден од друг авион за време на воена вежба, пренесува агенцијата ТАСС. паг/

Остани поврзан