• среда, 25 декември 2024

СУТКОЗ: Се врши притисок и тортура врз вработените во „Водовод и канализација“

СУТКОЗ: Се врши притисок и тортура врз вработените во „Водовод и канализација“
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ) при ССМ обвинува дека се врши  притисок и тортура врз вработените во „Водовод и канализација“ од страна на новоназначениот в.д. директор. - Вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје, од 07 часот утринава се соочуваат со тортура од страна на новото раководство на јавното претпријатие. Повеќе од 1/3 од вкупниот број на вработени во претпријатието се засегнати со губење на работните места и незаконски распоредувани на други работни места со Задолженија без право на приговор и без право на жалба што е спротивно и на Закон и на колективен договор и на Уставот на државата, се вели во соопштението од СУТКОЗ. Ваквите постапки, според синдикатот, се грубо кршење на работничките права за разлика од, како што наведуваат, периодот кога директори биле Душко Весковски и Златко Перински кога се почитувал колективниот договор. - Ваквиот однос на новиот в.д директор може да доведе до колапс на водоснабдителниот и канализацискиот систем во Скопје, поради тоа што квалификуваните работници се упатуваат да извршуваат други работни задачи, а дел од нив ги губат и своите работни места, велат од СУТКОЗ. Синдикатот вчера побара од градоначалничката на Град Скопје да ја преиспита одлуката на новиот в.д. директор на „Водовод и канализација“ за прекин на договорите за вработување на повеќе од 100 вработени и за прераспредување на дел од вработените. бак/ац/  

Остани поврзан