• понеделник, 23 декември 2024

Суспендиран хокеарот кој на ОИ сакаше да купи кокаин

Суспендиран хокеарот кој на ОИ сакаше да купи кокаин


Париз, 11 септември 2024 (МИА) – Австралискиот хокеар на трева Том Крег, кој беше уапсен за време на Олимписките игри во Париз при обид да купи кокаин, е суспендиран на 12 месеци, објави денеска Австралиската хокеарска асоцијација.
Крег ќе мора да отслужи најмалку половина од суспензијата, која почна на 9 септември, а преостанатите шест месеци ќе бидат условно суспендирани, се вели во соопштението.
Крег беше ослободен без обвинение, но доби предупредување од судијата откако француската полиција го уапси за наводен обид да купи кокаин во Париз неколку дена по поразот на Австралија во четвртфиналето на хокејскиот турнир со 0-2 од Холандија.
Крег призна дека „направил ужасна грешка“ откако беше ослободен и се извини на семејството, пријателите, соиграчите и австралискиот олимписки тим.
„Ве посрамотив сите и навистина ми е жал“, изјави Крег кој дебитираше за репрезентацијата во 2014 година и одигра преку 100 натпревари за Австралија, а беше дел и од тимот кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан