• петок, 05 декември 2025

Супер купот денеска ја отвора новата кошаркарска сезона

Супер купот денеска ја отвора новата кошаркарска сезона

 

Скопје, 28 септември 2025 (МИА) – Новата македонска кошаркарска сезона официјално стартува денеска со дуелите за трофејот во Супер купот „Драган Василов – Цевка“ во машка и женска конкуренција.

Во битка за првиот трофеј од новата сезона во машка конкуренција ќе се сретнат двете екипи кои лани играа во финалето на Купот на Македонија, шампионот, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, и финалистот, Кожув од Гевгелија.

Натпреварот е закажан со почеток од 19.30 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје

Претходно, од 17. часот, во натпревар кој ќе го даде победникот на Супер купот во женска конкуренција ќе се сретнат Баскет кам од Македонска Каменица и скопски Вардар. ег

ФОТО: КФСМ

Остани поврзан