• вторник, 24 декември 2024

Сунак: Ковид пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија

Сунак: Ковид пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија
Лондон, 28 февруари 2021 (МИА) - Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак денеска оцени дека идејата за воведување ковид пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата. - Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне во нормализирање на животот во земјата, рече Сунак во интервју за Би-Би-Си. Британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела изјави дека Владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за употреба на сертификати за лица кои се имунизирани, што би придонело за закрепнување на секторот за забава и услуги. паг/

Остани поврзан