• понеделник, 30 декември 2024

Сунак и Трус во трка за лидер на британската Конзервативна партија

Сунак и Трус во трка за лидер на британската Конзервативна партија
Лондон, 20 јули 2022 (МИА) – Доскорешниот министер за финансии Риши Сунак и актуелната шефицата на дипломатијата Лиз Трас, по петата рунда гласање на пратениците, се двата кандидати за лидерското место во британската Конзервативна партија. Во денешниот последен круг од гласањето на ториевците во Парламентот за наследник на Борис Џонсон на лидерското место во британската Конзервативна партија и на премиерската функција, министерката за трговија Пени Мордон доби 105 гласа, Трас 113, а за Сунак гласаа 137 пратеници. Досега гласаа пратениците од Конзервативната партија, при што беа елиминирани кандидатите кои освоија најмал број гласови. Сега кога останаа двајца кандидати нема да одлучуваат пратениците туку сите 180.000 членови на Конзервативната партија. Името на победникот ќе биде објавено на 5 септември. Британскиот премиер Џонсон на 7 јули објави дека се повлекува од функцијата шеф на Владата и партијата, откако повеќе од 50 членови на Владата поднесоа оставки, незадоволни од неговото одбивање да се повлече по неколку скандали. Меѓу нив беше и Сунак, кој поднесе оставка два дена пред Џонсон. Жестоката кампања за наследникот на Џонсон ги разоткри длабоките поделби во Конзервативната партија на крајот од неговото владеење. ми/

Остани поврзан