• понеделник, 23 декември 2024

Суд во Москва ја потврди одлуката за апсење во отсуство на Јулија Навална

Суд во Москва ја потврди одлуката за апсење во отсуство на Јулија Навална

Москва, 7 август 2024 (МИА) – Суд во Москва ја отфрли жалбата на одбраната на наредбата за апсење во отсуство на сопругата на опозицискиот лидер Алексеј Навални, Јулија, која е обвинета за учество во екстремистички активности, објавија денеска руските медиуми.

Судот во официјално соопштение наведува дека мерката притвор изречена за Навална на 9 јули останува непроменета, бидејќи жалбата не е прифатена, пренесуваат руските медиуми.

Одбраната побара од Апелацискиот суд  во Москва да ја поништи одлуката на првостепениот суд како незаконска и неоснована.

Адвокатот кој ја бранеше Јулија Навални на судењето не ја коментираше пресудата. Расправата, инаку, беше затворена за јавноста.

Веднаш по одлуката на судот во Москова, првостепената одлука стапи на сила, и таа сега ќе биде уапсена секаде на руска територија.

Судот соопшти дека таа е обвинета дека креирала и дистрибуирала видеа на Интернет со цел да ги дискредитира властите и да собира донации за Фондацијата за борба против корупцијата, која е означена како екстремистичка организација во Русија и е забранета.

Руските медиуми наведуваат дека таа била обвинета во отсуство во рамките на кривично дело што е во тек од 2019 година, а според 12 члена од Кривичниот законик на Руската Федерација, вклучително и екстремистичка организација, измама и други дела, за кои претходно беше обвинет и нејзиниот сега покоен сопруг Алексеј Навални.

Федералната служба за финансиско следење на 11 јули ја додаде Навална на листата на лица и организации за кои има информации за вмешаност во екстремистички активности или тероризам.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан