• сабота, 23 ноември 2024

Суд во Бразил му забрани на поранешниот претседател Болсонаро да се кандидира за функција до 2030 година

Суд во Бразил му забрани на поранешниот претседател Болсонаро да се кандидира за функција до 2030 година

Бразилија, 30 јуни 2023 (МИА) - Судски совет денеска изгласа дека поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро нема право да се кандидира за функција до 2030 година, бидејќи судиите заклучија дека тој ја злоупотребил својата моќ и неосновано го доведе во прашање електронскиот систем на гласање.

Одлуката со која на 68-годишниот Болсонаро ќе му биде забрането да се кандидира до 2030 година, значи дека му е лишена шансата за каква било политичка иднина и можноста да се врати на власт.
Четворица од седумте судии на највисокиот изборен суд во земјата се согласија дека Болсонаро ги злоупотребил своите овластувања користејќи владини комуникациски канали за да ја промовира сопствената кампања и да фрли сомнеж врз гласањето.

Случајот се фокусира на состанокот на 18 јули 2022 година, кога Болсонаро ги искористи владините службеници, државната телевизија и претседателската палата во Бразилија за да им каже на странските амбасадори дека електронскиот систем за гласање во земјата е наместен.

Експертот за изборно право Марлон Реис рече дека Болсонаро ја злоупотребил моќта на својата позиција со свикување на состанокот, бидејќи ги користел владините службеници и владините згради за да победи на изборите и ги идентификувал интересите на земјата со оние на неговата кампања.

Болсонаро ќе може да поднесе жалба до Врховниот суд. Тој, исто така, се соочува со други правни проблеми, вклучително и кривична истрага. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан